Горивата поскапуваат за еден денар по литар
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука да се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,23 отсто, што значи дека малопродажните цени на сите горива ќе се зголемат за 1,00 денар за литар.
Според одлуката, од ноќеска на полноќ моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 ќе се продава по 76,50 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС - 98 по 78,50 денари за литар, а ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) по 68,50 денар за литар. Маслото за домаќинства Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе чини 68,00 денари за литар, додека мазутот М-1 НС ќе поскапи за 0,249 денари и еден килограм ќе се продава по 43,010 денари.
Статијата е прочитана 652 пати.