Почнува исплатата на правата од социјална заштита за октомври

Министерството за труд и социјална политика информира дека од денеска почнува исплатата на правата од социјална заштита за октомври и тоа гарантирана минимална помош (ГМП), социјална парична помош-ретроактивна исплата, постојана парична помош-ретроактивна исплата, туѓа нега, еднократна парична помош, мобилност и слепило, социјално домување, социјална сигурност-социјална пензија, парична помош за згрижувач и паричен надоместок за згрижувачко семејство.

Исплатата ќе се спроведе во филијалите и експозитурите на банките, во тр групи согласно утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето. Денеска ќе се врши исплата за правата на лицата чии презимиња почнуваат на А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, во понеделник за лицата со презиме кое почнува на И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О, а во вторник за лицата чие презиме почнува на буквите П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска.
 


Статијата е прочитана 986 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско