Горивата поскапуваат од половина до еден денар од литар
Цените на горивата се зголемуваат за половина до еден денар од литар, информираше Регулаторната комисији за енергетика. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 денар од литар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 0,50 денар од литар.
Тоа значи дека од ноќеска на полноќ новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 69,50 денари за литар, на ЕУРОСУПЕР БС -98, 71,50 денари литар, додека дизелот ќе се продва по 62,00 денари литар. Еден литар од маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе чини 62,00 денари, а килограм мазут М-1 НС 36,009 денари.
Статијата е прочитана 712 пати.