Тимот Peugeot TotalEnergies покажа истрајност за време на особено тешкото издание на 24 часа Le Mans

Тимот Peugeot TotalEnergies и неговите шест возачи покажаа издржливост и борбен

дух во текот на целата недела на La Mans. PEUGEOT 9X8 #94 и #93 завршија на 11-то и 12-то место на 24 часа La Mans за 2026. Тимот TotalEnergies освои шест поени на FIA WEC.

Ова 94-то издание на 24-часа Le Mans, кое ја одбележа стогодишнината од првото учество на PEUGEOT, не го донесе резултатот на кој се надеваше тимот Peugeot TotalEnergies. Без потребното темпо на квалификациите, двата болида PEUGEOT 9X8 го обезбедија 16-то и 18-то место на стартната линија пред почетокот на трката во саботата, 13 јуни.

Во овие многу предизвикувачки околности, шесте возачи останаа целосно фокусирани во текот на целата 24 часовна трка, комплетирајќи долги кругови без да се намали темпото, вклучувајќи две серии од пет круга за Malthe Jakobse. И покрај промената на задниот дел на автомобилот #94 и казната „drive-through“ на #93 во текот на ноќта, тимот изврши контролирана и дисциплинирана трка од почеток до крај.

И двата болида PEUGEOT 9X8 стигнаа до целта на една немилосрдна трка, нагласувајќи ја сигурноста. Автомобилот #94, управуван од Loïc Duval, Théo Pourchaire и Malthe Jakobsen, заврши на 11-то место по 377 круга. Автомобилот #93, со aul di Resta, Nick Cassidy и Stoffel Vandoorne, заврши на 12-то место, поминувајќи 5.123 km без никакви технички проблеми.

Тимот го напушта Le Mans со шест шампионски поени и засилена решителност за подобрување. Иако резултатот не ги исполнува очекувањата, научените лекции ќе играат клучна улога во тековниот развој на проектот и неговите долгорочни амбиции.

Во оваа сезона на FIA WEC која е сè уште во полн ек, тимот Peugeot TotalEnergies е веќе фокусиран на претстојните трки, решен да продолжи да напредува и да се врати посилен. Тимот сега го насочува своето внимание кон следната трка: 6 часа São Paulo на 12 јули.

Освен самата трка, тимот Peugeot TotalEnergies и брендот PEUGEOT уживаа во особено богат и ангажиран викенд, пречекувајќи повеќе од 2.000 гости низ целиот настан. Бројни активности се одржаа на патеката Circuit de la Sarthe, меѓу кои фан-зоната на PEUGEOT, каде што брендот го претстави концепт автомобилот Polygon заедно со своите симулатори Hypersquare, Cinema Drive-In Paradiso во партнерство со mk2 и селото на производителот, каде што PEUGEOT официјално ја започна продажбата на новиот E-208 GTi.

Во саботата, 13 јуни, пред трката, парадата по повод стогодишнината ги собра историските тркачки автомобили и иконските модели на патеката. Учествуваа неколку личности од брендот и светот на мотоспортот, вклучувајќи ги John Elkann (Претседател на Stellantis), Emmanuele Cappellano (Оперативен

Директор на Enlarged Europe Stellantis), Alain Favey (Извршен Директор на PEUGEOT) и Pierre Fillon (Претседател на ACO) зад управувачот на PEUGEOT 908, заедно со Éric Hélary кој го возеше PEUGEOT 905.

Со комбинирање на спортските перформанси со искуството на брендот, викендот ја зајакна врската помеѓу PEUGEOT, неговите гости и неговите фанови, во единствена средина каде што се споија наследството и

иновацијата.

Emmanuel Esnault – Раководител на тимот Peugeot TotalEnergies

„Главната позитивна страна е што стигнавме до крај на 24-часа Le Mans. Автомобилот се покажа сигурен во текот на целата трка, а тимот извозе одлична трка без да се откаже. Заминуваме со шест шампионски поени и јасна решеност да се подобриме. Резултатот не е она што го посакувавме, ни недостасуваа целосни перформанси во квалификациите, а тоа продолжи и во трката. Сепак, ова издание ни овозможи вредни лекции додека продолжуваме да се спремаме за 2027 година. Сезоната е сè уште долга и ќе продолжиме да се бориме за да станеме поконкурентни.“

Loïc Duval (PEUGEOT 9X8 #94)

„Беше тешка трка, како што се очекуваше по квалификациите. Ни недостасуваа перформанси, па затоа дадовме сè од себе. И двата автомобила стигнаа до целта без проблеми и освоивме неколку поени. Браво за целиот тим и за моите соиграчи за нивниот труд.“

Malthe Jakobsen (PEUGEOT 9X8 #94)

„Извозив две последователни серии од по пет круга, па поминав многу време во болидот, но навистина уживав. Го извлековме максимумот од сè што имавме на располагање овој викенд и успеавме да освоиме неколку бодови.“

Théo Pourchaire (PEUGEOT 9X8 #94)

„Дадовме сè од себе и не оставивме ништо на случајноста. Дури успеав да извозам и моќен круг на крајот, и покрај условите на патеката. Разочарувачки е бидејќи сите сонуваме да ја освоиме оваа трка, но го дадовме својот максимум. За мене ова беше неверојатно искуство на мојта втора трка на Le Mans, и се надевам дека нема да биде последена.“

Nick Cassidy (PEUGEOT 9X8 #93)

„Овие 24 часа беа исклучително тешки. Тимот беше неверојатен, апсолутно неуморен и беспрекорен во својата работа. Тоа само ја зајакнува нашата решеност да се вратиме посилни и да се бориме за успех следната година. Веќе гледаме напред кон Le Mans 2027.“

Paul di Resta (PEUGEOT 9X8 #93)

„Беше многу тешка трка, особено на почетокот поради високите температури на патеката. Фокусот беше на одржување на конзистентност, избегнување на грешки и максимално искористување на секоја можност. Тимот остана фокусиран во текот на целата трка.“

Stoffel Vandoorne (PEUGEOT 9X8 #93)

„Беше долга и интензивна трка, особено со повеќето ноќни возења. Не беше лесно ментално со оглед на нашата позиција, но останавме обединети, фокусирани и го дадовме својот максимум сè до крајот.“


Статијата е прочитана 91 пати.

Сподели:


Видео: 30 години Агенција Марили

30 години јубилеј на агенција „Марили“

Охридско лето 2026

kb

oxxete