Shtip Fashion Days 2025 изминатиот викенд во градот на модата и текстилната индустрија

Во градот на модата и текстилната идустрија, изминатиот викенд, на 11-ти и 12-то октомври, по втор пат се одржа Shtip Fashion Days 2025 во организација на Општина Штип.

Под наслов “INFINITY“ заживеа бесконечноста на модната инспирација во објект имресивен, импозантна статуа на средишниот дел од кружната писта каде продефилираа модели на креатори поединци, студенти и познати македонски брендови, пријатели на агенција „Марили“, меѓу кои „Албатрос“, „Астибо Беас“ и „ЕАМ“ во соработка со брендот “ОХ street“ кои ставија акцент на реупотребата на старите материјали од органски памук, со цел заштита на животната средина, како и омаж на младата модна дизајнерка Фросина Ќулакова, чија светлина и талент оставија трага што не бледее.

Публиката имаше можност да ужива во ексклузивни ревии на врвни македонски дизајнери и поголеми брендови, но и да ги запознае новите млади таленти кои ќе ја обликуваат иднината на модната сцена.

 Shtip Fashion Days 2025 се одвиваше во посебна атмосферата, два дена исполнети со креативност, прекрасна енергија и визија, а публиката имаше можност да ги види новите трендови во модата. 


Статијата е прочитана 76 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско