„ЖАНЕТА ЕСТЕТИК“ – синоним за врвна козметичка нега, истрајност и едукација

Жанета Џафер, сопственичка, управителка, вршител на занаетчиска дејност, ментор и едукатор на возрасни, како долгогодишен член на секцијата на козметичари во Комора на занаетчии на Град Скопје, дава придонес како обучувач и испитувач во едукација на кадар во областа на козметиката.

Освен како ментор на ученици за реализација на практична настава и феријална практика од СУГС „Димитар Влахов“ Скопје, таа како мајстор козметичар учествува и во организација и реализација на мајсторски испит, под покровителство на Комора на занаетчии на Град Скопје. Мајсторскиот испит е отскочна даска на патот кон успех на жените претприемачи.

И затоа не залудно е кажано: Мајсторската диплома – симбол за најголемо достигнување во занаетчиството, ЧЕСТ Е ДА СИ МАЈСТОР.

Како почесен гостин е поканета на првата „Меѓународна конференција за подршка на женско претприемништво“, во Комора на занаетчии на Град Скопје, која се одржа на 23.5.2024 година на која беа поканети г-ѓа Евелина Парванова проект менаџер на Комора на знаетчии на Град Кобленц, Германија и директорот на Комора на знаетчии на Град Кобленц, Германија, како поддржувачи на партнерството на занаетчиството помеѓу Кобленц и Скопје.

Жанета се истакнува како надворешен соработник и на ЦСОО како учесник во изготвување на Стандард на занимање и стандард на квалификација за мајстор масер, 2023.

Друштвото за козметички услуги ЖАНЕТА ЕСТЕТИК, во 2023 година ја прошири својата дејност со отворање на Едукативен центар за образување на возрасни во областа на козметиката, според сертифицирана програма за КОЗМЕТИЧАР ЗА НЕГА НА ЛИЦЕ И ТЕЛО. Едукативниот центар е верификуван од Министерство за образование и наука и од Центарот за образование на возрасни на Р.С.М.

Добиениот сертификатот овозможува на кандидатот вклучување на пазарот на трудот, ново вработување и започнување на сопствен бизнис, нуди можност за напредување на учесникот во други обуки или повисоки нивоа на квалификации од областа на козметика. Сертификатот е меѓународно признаен и е во согласност со стандарди на Европска Унија.

За квалитетот на обуката сведочи и големата бројка на кандидат кои не се само од земјава, туку и надвор од неа.

Функционирањето на Едукативен центар е резултат на добрите менаџерски способности, ентузијазмот и позитивната мисла на носителот на дејноста Жанета Џафер.

Како голем ентузијаст и добар обучувач беше поканета на семинар на тема: Обука за обучувачи за работа со возрасни, организирана од Центарот за образование на возрасни подржана од Европска Унија (Скопје, 23.11.2024 година) на која се потврдија квалитетите на Жанета Џафер како едукатор, презентер и човек подготвен за едукација на возрасни.

На патот на нејзиниот успех се многуте семинари во кои таа учествува како презентер, а кои ги реализира Комората на занаетчии на Град Скопје.

Тие наидуваат на голема заинтересираност од страна на козметичарите, затоа што таа како презентер несебично го пренесува своето знаење во интерес на напредокот на козметиката.

Меѓу поновите збиднувања е семинарот на тема: Примена на мезоконци во козметиката, на кој покрај другото, Жанета Џафер презентираше делови од масажата со охридските бисери, со цел да ја прикаже како новина во козметиката.

Големата палета на сертификати ја дополни со сертификат за лифтинг со мезоконци, доделен од VIPLASHES Swiss beauty company на 29.06.2024 година.

Добитник е и на Сертификат за квалитет LAAS: Qua. C 2023 – 2025 како потврда дека своето работење го усогласиле со соодветни процедури за квалитет.

Институција за образование на возрасни - Друштво за козметички услуги ЖАНЕТА ЕСТЕТИК ДООЕЛ Скопје


Статијата е прочитана 231 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско