Прва Меѓународна Коучинг Конференција на 6 и 7 ноември во Скопје
На на 6 и 7 ноември во Скопје ќе се одрува Првата Меѓународна Коучинг Конференција во Македонија.
Конференцијата е во организација на Центарот за бизнис психологија „Системски НЛП – ЈИЕ“ и АД ВЕРБУМ Ивенти.
Ова е уникатна можност да учиме од врвни светски и домашни коучинг професионалци: Марина Анчевска - Системски коуч и НЛП Мастер Тренер, Патриција Конлон - Извршен коуч, експерт за развој на вработени, Анил Томас - Mеѓународно сертифициран НЛП тренер гешталт практичар, Анета Коробкина - Мастер тренер, автор и говорник, служба за клиенти и лидерство, потоа Џон Витингтон - Основач на методологијата „Коучинг констелации“, како и Оана Танасе - Системски коуч и фасилитатор на констелации.
Со голема чест ви ги претставуваме и учесниците на панел дискусијата, реномирани професионалци на извршни позиции кои работат во Македонија:
Стефан Јовановски – Директор на човечки ресурси во А1
Билјана Илиева – Генерален директор на Ново Нордиск
Крис Колбурн – Генерален директор на Рудник Саса
Биљана Шеновска – Генерален менаџер на ИТД Македонија
Слободанка Миовска – Раководител на Бизнис продажба А1 – Модератор на панел дискусијата.
Вториот ден е наменет за три интерактивни коучинг работилници со реномирани коучинг експерти кои имаат за цел кај секој од учесниците да поттикнат прашања, да ја прошират нивната рамка на размислување, да им овозможат нови увиди за тоа како поедноставно да се водат себе си, нивната работа, семејството, тимот или организацијата.
Цената на билетот за присуство на Првата меѓународна коучинг конференција, изнесува 120 евра за првиот ден. Вториот ден е наменет за ексклузивни интерактивни работилници кои ќе бидат достапни за помал број на учесници со доплата од 60 евра.
Бидете дел од настан кој ќе ве инспирира и ќе ги донесе најдобрите практики за развивање на свесно и модерно лидерство.
Многу интерактивни работилници, интересни панел дискусии, инспиративни говори и можности за вмрежување, ќе бидат дел од овој настан.
Сите детали за настанот како и можноста за пријавување и купување на билети се достапни на официјалната веб-страница на конференцијата. Бројот на билети и учесници ќе биде лимитиран.
Статијата е прочитана 268 пати.