Презентација на кинематографери, панел и откривање ѕвезди на лауреати на ИФФК „Браќа Манаки“

Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ претпаднево во Битола продолжува со прес конференција на која ќе учествуваат кинематограферите Пабло Лозано и Душан Хусар, и со панел „Од Трајбек до Манаки, зад сцената“.
Во 15 часот на Широк сокак ќе бидат откриени ѕвезди на Валтер Карваљо, Кристијан Бергер и Роби Милер. Организаторот, во чест на лауреатот Роби Милер ќе го емитува филмот „Живеење на светлината“.
Во вечерната програма, во големата сала на НУ Центар за култура ќе се емитуваат филмовите кандидати за златна „Камера 300“, „Зло непостои“ во кој кинематографер е Јошио Китагава и филмот „Сценарио од соништата“ во кој кинематографер е Бенјамин Леб.
Статијата е прочитана 290 пати.