Сапун „Стојневи“ од органско козјо млеко, чувар на вашата кожа и околината

Сапунот „Стојневи“ е 100% природен производ кој на македноскиот пазар датира од 2013 година. Сапунот од органско козјо млеко се изработува целосно рачно, со ладен процес, преку кој се овозможува сите лековити и корисни состојки од свежото козјо млеко да останат во сапунот. Свежото органско козјо млеко се комбинира со органско ладно цедено кокосово или маслиново масло, без хемикалии и парабен, и без дополнителни вештачки бои и мириси.

Лековитоста на козјото млеко е позната поради тоа што ги содржи витамините: Е, А, Б6 и Б12. Ја омекнува, ја враќа влажноста на кожата и нежно ја смирува.

Комбинацијата на маслата за јадење изобилуваат со витамините А, Д, Е и К како и минералите: калциум, фосфор, натриум, калиум и железо, омега-3 и омега-6 масни киселини, исто така голем дел на антиоксиданси и благодарение на нив ја храни кожата, го забавува нејзиното стареење, ја забрзува регенерацијата и ја прави кожата витална и еластична.

Сапунот „Стојневи“ е од е изработен од комплетно природни состојки и може да се користи за сите типови кожа и за било која возраст.

Наменет е за хигиена на цело тело и миење коса. Редовнотo користење на сапунот од козјо млеко може да помогне во намалување на воспаленија на кожата. Козјото млеко е богато со алфа хидроксилни киселини, кои ги отстрануваат мртвите клетки од кожата и го потикнуваат растењето на нови и здрави клетки.

Козјото млеко содржи селен, за кој е докажано дека може да ја штити кожата од штетните ултравиолетови зраци од сонцето.

Посебно се препорачува на луѓето со испукана и сува кожа, како и луѓе кои имаат егзема и псоријаза. Природниот сапун во основа е мешавина од животинско или рестително потекло, со неутрален мирис, без додавање на есенцијални масла за да не дојде до несакана алергиска реакција кај некои корисници.

Освен основниот сапун, произведуваме и сапун кој покрај органско козјо млеко маслиново и кокосово масло, содржи и Шеа путер. 

Квалитетот и исправноста на сапунот е испитана во Институт за јавно здравје – Скопје, и производот ги исполнува критериумите за микробиолошка и хемиската чистота како козметички производ.

Рачно изработените сапуни исто така ја чуваат нашата животна околина. Производот можете да го најдете во маркетите на DM.

Повеќе информации на веб страницата www.stojnevi.com, на Фејсбук страницатa Sapun Stojnevi или пак на телефонскиот број 070/ 536 – 092.


Статијата е прочитана 836 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско