Изгледајте божествено на матурските и апсолвентски прослави со накитот на „Митас“

Во пресрет на пролетните матурски и апсолвентски прослави, подновете се или пак израдувајте ги најмилите со уникатен, дискретен, рачно изработен накит со италијански дизајн и  врвен квалитет од широкиот асортиман на „Митас“.

Во најновата колекција ќе најдете обетки, синџирчиња и прстени од варено сребро, накит со розев кварц, кожни лачниња со босер, аметист и вулкански камен. Обетки од сребро 925 %, накит обложен со злато, како и бисери одгледани во школки со 10-слојна обвивка.

Накитот е направен од природни материјали, драги и полудраги камења, од сребро обложено со бело, жолто и розе злато со природни камења, рубини и корали.

Екстравагантниот накит во преубави, оригинални форми и бои е совршен подарок за секоја девојка и жена. Накитот плени и воодушевува со својот дизајн, уникатност, изработка, суптилност, елеганција и впечатливост.

Продажниот салон на „Митас“ се наоѓа во Градскиот трговски центар во Скопје на првиот кат.

Работно време од понеделник до петок од 10:00 до 17:00 часот, во  сабота од 9:00 до 15:00 часот.

За подетални информации, можете да се јавите на телефонскиот број 070 248-089.


Статијата е прочитана 616 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско