Од три до пет пати поголем данок за имот што не се користи
Владата го усвои Предлог законот за изменување на законот за данови на имот кој предвидува прогресивно оданочување на имотот
Владата вчера го разгледа и го усвои Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за даноци на имот со кој се предвидува усогласување на основниот текст на законот со позитивната законска регулатива со цел обезбедување прогресивно, праведно оданочување. Измените ќе важат од 1 јануари 2022 година.
Со измените на овој закон, како што е соопштено од Владата, се зголемува за три пати стапката на данокот на имот за имотот кој сопственикот (правно или физичко лице) не го користи подолго од шест месеци во текот на една година.
Исто така Закон пропишува и дека државата, општините, општините во Градот Скопје и Градот Скопје, како и физичките и правни лица кои нема да пријават дека не користат одреден недвижен имот, ќе платат данок за пет пати повисок од пропишаниот.
Се очекува Предлог-законот позитивно да влијание врз буџетот на Единиците на локалната самоуправа.
Статијата е прочитана 842 пати.