Социјалното претпријатие БИЛКИЛАЈФ одржа ЧАЈАНКА ЗА ДОНИРАЊЕ
Скопје, 26.10.2023, Социјалното претпријатие БИЛКИЛАЈФ одржа ЧАЈАНКА ЗА ДОНИРАЊЕ, во рамките на Кампањата „Денови за донирање” од срце, на здружението Конект, иницијатива која се спроведува во рамки на проектот на УСАИД „Партнерства за донирање“.
На настанот се одржа дегустација на чај и други производи од лековити билки, од Билкилајф, а се споделија информации и за полезноста на лековитите билки, за здравјето на човекот. На донаторски штанд беа поставен производи од палетата на социјалното претпријатие, со цел присутните да може да купат и со тоа да донираат средства. Целта на овој настан беше да се соберат средства за изработка на подвижни хербални градини за лица со попреченост, за да може да ги користат и со тоа да се влијае на нивното здравје, квалитет на живот, социјализација. Со тоа, ќе се придонесе кон промените, да се подобри пристапноста на туризмот за лицата со попреченост, односно и овие лица да имаат услови да бидат туристи.
На настанот се обратија и извршната директорка на Здружението Конект, Никица Кусиникова, која се осврна за значењето на донаторството и важноста да се поддржат социјалните претпријатија. Воедно, за значењето на поддршката на социјалните претпријатија зборуваше и Ратка Пемова од Центарот за социјални претпријатија, споменувајќи го и донесувањето на Законот за социјални претпријатија, кој дополнително ќе придонесе за развој. Центарот за социјални претпријатија, има голема улога во процесот на поддршка на социјалните претпријатија.
Инаку, БИЛКИЛАЈФ е социјално претпријатие, кое се залага за одржлив развој и инклузивност, преку хербализам и искористување на неговиот потенцијал за туристички и економски цели, социјално претприемништво, циркуларна економија и инклузивност. Грижата за животната средина е определба, преку примена на циркуларната економија и зеленото претприемништво, со селектирање и повторна употреба на хербалниот отпад, за искористување на неговиот потенцијал. Нашите активности се насочени кон рурален развој преку хербалниот туризам, со нови иновативни форми, создавање туристичка понуда за сите граѓани, кои ќе можат да ги користат придобивките од лековитите билки и шумски плодови, вклучувајќи ги и лицата со попреченост, преку рекреативна хербална тура за лица со попреченост со лековити билки, прва од ваков вид на нашите простори. „БИЛКИЛАЈФ“ е социјално претпријатие кое дел од своите средства ги вложува во подобрување на квалитетот на живот на лицата со попреченост, во делот на пристапноста во туризмот, создавање услови да користат услуги, како и постигнување еднакви можности за вработливост и нивно економско зајакнување.
Здружените донaции можат да направат вистински промени. За да се поттикне што е можно повеќе луѓе да учествуваат, создадена е и онлајн платформа за групно донирање Оп Оп.
БИЛКИЛАЈФ
Контакт:078 365 856
Статијата е прочитана 712 пати.