Ексклузивен, хуманитарен двоен јубилеен концерт „Првите мои 20 во 30“ за децата со дијабетес
На 2-ри октомври ќе се одржи хуманитарен двоен концерт со наслов „Првите мои 20 во 30“ во Национална Опера и Балет, со почеток 20:00 часот. Вечерта ќе се прославува импресивната 30-годишна уметничка и педагошка дејност на м-р Ерхан Шукри и 20- годишната успешна работа на Гудачки камерен оркестар „АРКО“, она што ќе ја направи оваа вечер уште поспектакуларна и поблагородна е хуманитарниот дух на коцертот.
Организаторите повикуваат да им се помогне на ранливата категорија на семејства. Со вашите купени билети ќе бидат обезбедени ленти и глукомери за нашата иднина, најмилите - децата со дијабетес. Продажба на билети преку „Купи Карти За Сѐ“.
Предвиден е богат репертоар на врвни уметници, музичари, оперски пејачи, актери, а програмата ќе биде наменета за сечиј вкус: класика, оперски арии, балет, филмска музика, фламенго, рок, латино, преку ориентот до нашиот фолклор.
- Премиерно за прв пат во Македонија истанбулско класично кеменче со харизматичната Нагме Јаркин и панова фрула на атрактивниот Ајдн Јаваш од Турција
- Одличниот баритон Џемиљ Реџепи од Италија
- Сопран - романтичната Ивана Здравкова од Австрија
- Виолинистите Михајло и Момчило Куфојанкис
- Кралица на харфата Мерсиха Шукри
- Виртуозот на мандолина Лазар Сандев
- Кадифениот вокал на Добрила Грашеска
- Нашиот маестрален актер Никола Ристановски
- Мандолински оркестар „Скопје“
- Детски хор „Св. Кирил и Методиј“ од Велес
- Специјален гостин на концертот Маестро Рамадан Шукри
- Диригент Ерхан Шукри
Вечерта ќе биде исполнета со многу музика, љубов и хуманост, потенцираат организаторите.
Статијата е прочитана 685 пати.