УХМР: Топлотниот бран ќе продолжи и наредната недела
Подрачјето на нашата земја и во текот на следната седмица ќе биде под влијание на топол бран, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Времето ќе биде многу топло, во поголемиот дел од земјава со дневни температури над 35 степени, а наместа и над 40 степени поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури.
Според прогнозата на УХМР, во скопското подрачје ќе се задржи многу топло време со минимална температура над 20, а максималната над 39 степени. УВ-индексот ќе има многу висока вредност 10.
Статијата е прочитана 447 пати.