Боровинки - благодет за здравјето на вашиот мозок
![](/data/image/large-main_blueberries.jpg)
Научниците откриле дека здравите постари луѓе што секојдневно консумирале концентриран сок од боровинки, покажале значително зголемување на активноста на мозокот, протокот на крв, па дури и памтењето во споредба со плацебо групата по само неколку недели, пишува „Ochsner Health“.
Се покажало дека антиоксидантите, особено флавоноидите, во боровинките ги поттикнуваат овие ефекти, но и дека нудат други придобивки за здравјето на мозокот, вклучувајќи:
– Намалување на ризикот од деменција
– Намалување на ефектите од Алцхајмерова болест
– Спречување на губење на меморијата поврзана со возраста
– Зајакнување на мозочните клетки
– Зголемување на концентрацијата и фокусот
– Подобрување на менталното здравје
Боровинките исто така имаат малку калории и шеќер. Боровинките содржат околу една третина од калориите од другите овошја какви што се бананите, со околу 20 отсто помалку шеќер. Тие се едни од најбогатите бобинки и изобилуваат со влакна, витамин Ц, витамин К и манган. Боровинките се полни со вода, што ги прави хидратантни. Секоја боровинка содржи околу 85 отсто вода.
Кога станува збор за дебатата помеѓу изборот на свежи или замрзнати боровинки, одговорот е… и двете! Без разлика дали се консумираат свежи, замрзнати, конзервирани или како екстракт, боровинките нудат безброј здравствени придобивки. Всушност, замрзнатите боровинки – особено кога се замрзнати во моментот на берба – се исто толку хранливи како и свежите боровинки. Само не заборавајте да ги проверите внимателно етикетите за да бидете сигурни дека нема додаден шеќер.
Извор: Слободен печат
Статијата е прочитана 696 пати.