Одржан 12-ти натпревар по камерна музика во Кавадарци, наградени ученици на м-р Александра Коцевска

В среда на 27.03.2024 година, во Кавадарци се одржа 12-ти по ред натпревар по камерна музика.

Во жирито беа гости од Р. Хрватска, Р. Грција и Македонија.

Натпреварот се одржува во разни категории, состави со пијано и без пијано. Наставник  по соло пеење М-р Александра Коцевска, вработена во Д.М.Б.У.Ц „Илија Николовски-Луј" од Скопје, со своите ученици од основното и средното образование освои две први награди во основно и една специјална во средно.

Секако, заслужни се и колегите чиишто ученици свират пијано и се составен дел од камерните состави, Катерина Ќетковиќ Фидановска, Симеон Стефковски и Метка Манојловиќ.

Станува збор за 12-ти по ред натпревар, за основни и средни училишта од земјава и странство, а чествуваа околу 400 учесници, во повеќе дисциплини.


Статијата е прочитана 413 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско