Услови за користење

петок, 01 јануари 2010

Услови за преземање на содржините

Бесплатно преземање на содржини од веб страницата на Марили надвор од овие услови е дозволено само во непосреден договор со агенцијата Марили.

Дозволено е бесплатно преземање на вести, извештаи и други написи од Марили, само под следните услови:

– дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот

– на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Марили

– насловот на текстот задолжително треба да почне со зборот „Марили“ и со интерпункцискиот знак две точки (на пример, „Марили: Отворен меѓународен фестивал за...“)

– дозволено е да се преземат најмногу пет содржини дневно.

Забрането е бесплатно да се преземаат интервјуа објавени на Марили, освен во непосреден договор со агенцијата Марили. Без таков договор, дозволено е бесплатно да се објави само извадок од интерјуто, при што:

– извадокот од интервјуто може да биде долг најмногу 10 реда од оригиналната објава во Марили

– насловот на извадокот задолжително треба да почне со фразата „Интервју за Марили“, по што следи интерпункцискиот знак две точки (на пример, „Интервју за Марили: Следната 2021 ќе биде година на закрепнување во авиосообраќајот“)

– на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целото интервју прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Марили

Преземање на видеа и фотографии е дозволено само во договор со агенцијата Марили.

Тој што ќе објави содржина ( вест, извештај или друг напис) надвор од условите за бесплатно преземање е согласен на агенцијата Марили да и исплати надомест од 2.000 денари за една содржина.

Тој што ќе објави интервју надвор од условите за бесплатно преземање е согласен на агенцијата Марили да и исплати надомест од 6.000 денари за едно интервју.

Тој што ќе објави видео или фотографија надвор од условите за бесплатно преземање е согласен на агенција Марили да и исплати надомест од 6.000 денари за едно видео или една фотографија.

За прекршувања на овие услови, агенција Марили го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.

Содржината е прочитана 7607 пати.