„Дерма Бела“ - 30 години безвременска убавина

Во присуство на доктори, фармацевти, претставници од бизнис заедницата, новинари и личности од јавниот живот, „Дерма Бела“ го одбележа својот 30-годишен јубилеј во хотел „Лимак“.

Три децении неуморна работа, посветеност и желба за напредок. Од пионер во естетската медицина, денеска „Дерма Бела“ е единствениот центар во Македонија во кој се спојуваат медицината и козметиката. Успехот на „Дерма Бела“ се должи на големата посветеност, љубов и континуирана едукација на целиот персонал.

„Во приватниот бизнис се успева само со визија и упорност. Важна е идејата, но многу поважна амбицијата и реализацијата. Голема поддршка имав од семејството и од нашите ценети клиенти, кои секогаш се подготовени за новини и иновации во козметологијата и естетската медицина. На сите млади луѓе, но и на дамите ќе им порачам да се негуваат, да користат квалитетна козметика и да внимаваат на себе. Вам драги луѓе, ќе ви се заблагодарам за довербата, времето и присуството”- порача пред присутните гости, основачот на „Дерма Бела“, д-р Весна Ѓоргиеска.

Во двата центри на „Дерма Бела“ работи високо стручен и професионален персонал, кој постојано ги надградува сопствените знаења, посетувајќи ги светските семинари и обуки за новости и трендови во козметологијата и медицинската естетика.

М-р Фросина Ќудина рече дека за неа како менаџер на „Дерма Бела“ е голема обврска и одговорност да продолжи по истата патека на квалитет и професионалност.

„Најголема среќа се задоволните клиенти, но и секоја иновација која ја носиме од светските конгреси. Сепак, кога имам ветер во грб од докторите и тимот од Дерма Бела се е полесно. Од име на целиот персонал, сакам да  посакам да останеме во добро здравје во 2024, да имаме добра мисла и да не заборавиме дека убавината доаѓа однатре, од самата личност. И точно затоа максимално ќе се посветиме на регенеративната медицина, која се заснова на автолошка регенерација на ткивото и ветува природно подмладување, свеж и природен младешки изглед, во областа на естетската дерматологија, регенерација на `рскавично ткиво во ортобиологија и спортска медицина, како и регенерација и помош при ИВФ во гинекологија“, рече м-р Ќудина.

Тимот на „Дерма Бела“ е најголемиот адут, нивната посветеност, стучноста и професионалноста. Најлојалните вработени според стаж во компанијата добија и признанија, кои како што рекоа се дополнителен мотив за нив и одговорност за иднината.

Почетоците на „Дерма Бела“ датираат со отворањето на првиот козметички салон во Прилеп, кој и во тоа време работеше со светски брендови. Низ годините студиото Bellezza се проширува и отвара нова работна единица „Дерма Бела“ Медицинско Естетски и Ласерки Центар, лоциран во скопската населба Капиштец.

Во 2012 година „Дерма Бела` го проширува својот бизнис во областа на фармацијата и отвора „Дерма Бела Веледрогерија“ дистрибуирајќи ги најпознатите брендови во естетската медицина кои станаа достапни за докторите во Македонија.

 


Статијата е прочитана 385 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско