Боровинки  - благодет за здравјето на вашиот мозок

Научниците откриле дека здравите постари луѓе што секојдневно консумирале концентриран сок од боровинки, покажале значително зголемување на активноста на мозокот, протокот на крв, па дури и памтењето во споредба со плацебо групата по само неколку недели, пишува „Ochsner Health“.

 

Се покажало дека антиоксидантите, особено флавоноидите, во боровинките ги поттикнуваат овие ефекти, но и дека нудат други придобивки за здравјето на мозокот, вклучувајќи:

– Намалување на ризикот од деменција
– Намалување на ефектите од Алцхајмерова болест
– Спречување на губење на меморијата поврзана со возраста
– Зајакнување на мозочните клетки
– Зголемување на концентрацијата и фокусот
– Подобрување на менталното здравје

Боровинките исто така имаат малку калории и шеќер. Боровинките содржат околу една третина од калориите од другите овошја какви што се бананите, со околу 20 отсто помалку шеќер. Тие се едни од најбогатите бобинки и изобилуваат со влакна, витамин Ц, витамин К и манган. Боровинките се полни со вода, што ги прави хидратантни. Секоја боровинка содржи околу 85 отсто вода.

Кога станува збор за дебатата помеѓу изборот на свежи или замрзнати боровинки, одговорот е… и двете! Без разлика дали се консумираат свежи, замрзнати, конзервирани или како екстракт, боровинките нудат безброј здравствени придобивки. Всушност, замрзнатите боровинки – особено кога се замрзнати во моментот на берба – се исто толку хранливи како и свежите боровинки. Само не заборавајте да ги проверите внимателно етикетите за да бидете сигурни дека нема додаден шеќер.

Извор: Слободен печат


Статијата е прочитана 499 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско