Инфо

Бензините поскапуваат половина денар, дизелот со иста цена

понеделник, 12 јули 2021

 

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на бензините за половина денар по литар, додека цената на дизелот останува непроменета.

Според таа одлука, од ноќеска на полноќ литар бензин ЕУРОСУПЕР БС-92  ќе чини 72,00 денари, моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 ќе се продава по 74,00 денари за литар, а ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) по 63,00 (денари за литар.

Маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе  чини 63,00 денари за литар, додека мазутот М-1 НС 37,719 денари за килограм.

 

Содржината е прочитана 123 пати.