Интернационален Саем за туризам „ITB Berlin“ во Берлин од 05 до 07 март 2024 година

Интернационалниот Саем за туризам „ITB Berlin”, ќе се одржува во период од 05-07 март, 2024 година во Берлин, Германија.

ITB Berlin претставува иновативна платформа, во првите редови на индустријата за патување и туризам од 1966 година. И покрај неговиот значителен обем кој опфаќа речиси 190 земји и региони, ИТБ Берлин одржува добро организирана структура. Покрај географската поставеност врз основа на дестинации, распоредот на салата е исто така поделен по пазарни сегменти согласно преференциите и бизнис интересите на учесниците.

Сегментите на кои ќе биде ставен фокусот за 2024 година се активен и одржлив туризам. Авантуристичките и спортските патувања се сè попопуларни. Тие се сегмент од туристичката индустрија која силно расте. Во ИТБ Берлин се истакнуваат новите трендови, како и аспектите на еколошкиот и општествено одговорен туризам. Фокусот е на патување кое го олеснува доживувањето на природата и откривањето на личните сознанија за културата на земјата домаќин, а истовремено дава придонес кон заштитата на животната средина и благосостојбата на населението.

Имајќи го во предвид интересот на приватниот сектор во претходните години, Агенцијата за промоција и поддршка на туризам ќе учествува на овој саем со поголем и модерен штанд (60 м2, доколку има интерес од приватниот сектор) согласно барањата од претходните учесници и потребата за подобро претставување на овој саем, затоа Ве замолуваме доколку постои интерес за Ваше учество на ITB Berlin кој ќе се организира од 05-07 март, 2024 година, да не информирате најдоцна до 13.10.2023 година, со цел навремено организирање на нашиот настап согласно вашиот интерес.


Статијата е прочитана 488 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско