Етно куќа „Шанчева“ во Кратово - Незаборавен престој со многу активности

Етно куќа „Шанчева“ во Кратово нуди сместувачки капацитет од три соби, една еднокрветна, една брачна соба и соба со четири кревети, сите со сопствени тераси. Куќата располага со кујна, дневен престој, бањи, бесплатен приватен паркинг и градина.

Во етно куќата се организира презентација и дегустација на к’цана сол, посета на Горно Кратово кај вулканскте боми, посета на село Шлегово познато како село на „најучените луѓе" во Македонија, посета на Цоцев Камен во село Шопско Рударе (Шопско Рудари), прошетка и разгледување на Кратово, архитектурата, мостовите, боровите кули, цркви и многу други активности.

Ќе имате можност да пробате локален мед, кратовски компир, познатите „пастрамајки“, благи и лути суви везени пипиерки, ореви, еко јајца од село Шлегово, како и црвено вино.

Ноќевање по човек чини 900 денари и има бесплатно wi-fi.

Лице за контакт и тел.број: Стевче Доневски – 070 975 684


Статијата е прочитана 287 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско