Инфо

Во Србија влез само со примена вакцина

среда, 24 март 2021

Кризниот штаб на соседна Србија одлучи да дозволи влез во земјата за странски државјани само со примена вакцина.

„На сите што ќе бидат целосно вакцинирани, односно со потврда за вакцинација од Република Србија, ќе им биде дозволен влез во Србија без ПЦР-тест и без изолација. Иста е состојбата и со странците доколку се целосно вакцинирани со вакцини од Република Србија, односно со две дози на Фајзер, две дози Спутник V, две дози на вакцина од Синофарм. Бидејќи АстраЗенека моментално има само една доза, се подразбира дека една доза е на исто ниво со овие три вакцини за кои е потребна двојна имунизација“,изјавил покраинскиот секретар за здравство, Зоран Гојковиќ.

Што се однесува пак до странците кои не живеат во Србија, за влез во земјата остануваат истите мерки како и досега. Кризниот штаб на Србија не разговарал за дополнителни мерки во однос на ова прашање.

Граѓаните на Србија, пак, според Гојковиќ за влез во земјата имаат две опции, или да бидат вакцинирани со потврда за вакцинирањето, или да имаат негативен ПЦР тест. „Кој нема да исполни еден од овие два услова, ќе мора да оди во карантин“, дополни Гојковиќ.

Истовремено Кризниот штаб одлучи мерките кои се на сила да важат и во иднина. Тоа значи дека угостителските објекти и трговските центри во Србија остануваат затворени.

 

Содржината е прочитана 67 пати.