Инфо

Од недела почнува летното сметање на времето, стреките на часовникот ќе се поместат за еден час нанапред

среда, 24 март 2021

Во недела на 28 март почнува летното сметање на времето. Во 02:00 часот стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час нанапред и ќе означуваат 03:00 часот.

Владата на денешната седница ја донела одлуката за утврдување на летното сметање на времето. Во Македонија важи времето што му соодветствува на универзалното координатно време зголемено за еден час (средноевропско зонско време).

Инаку во 2019 година Европскиот парламент со големо мнозинство се изјасни за престанок на поместувањето на часот во 2021 година. Останува владите на државите членки на ЕУ сами да одлучат кое време ќе го задржат трајно, летното или зимското сметање на времето. 

 

Содржината е прочитана 40 пати.