„Технолаб“ 20 години воведува новини во заштитата на животната средина и во заштитата при работа

Интервју со Магдалена Трајковска Трпевска, основач и генерален менаџер на „Технолаб“ во кое зборува за дведецениското надградување и усовршување на компанијата, вложувањата во современа мерна и лабораториска опрема и во надградување на имплементираните системи за квалитет, за тоа како е успешно да се управува една компанија 20 години за да се изградат цврсти основи врз кои се потпира и во тешки и турбулентни времиња, за женското менаџерство, за идните планови

 

МАРИЛИ: Минатата година „Технолаб“ прослави 20-годишен јубилеј. Накратко објаснете ни со што се занимава компанијата, која ѝ е основната дејност?

ТРАЈКОВСКА ТРПЕВСКА: „Технолаб“ е приватна компанија што во 2020 година го прослави својот 20-годишен јубилеј. Дејноста на компанијата ги опфаќа областите на заштита на животната средина и  безбедноста и здравјето при работа. Во рамките на „Технолаб“ функционираат пет главни сектори и тоа:

Ø  Консалтинг во животна средина

Ø  Консалтинг за безбедност и заштита при работа

Ø  Акредитирана лабораторија за тестирање во животна и во работна средина

Ø  Акредитирано инспекциско тело за контрола во животната и во работната средина

Ø  Едукативен тренинг центар

„Технолаб“ нуди комплетни услуги во делот на заштитата на животната средина преку изработка на студии за влијанието врз животната средина, стратегиски оцени на влијанието врз животната средина, апликации за еколошки дозволи А и Б, интегрирани катастри на животната средина, елаборати и студии за испитување на загадувањето на воздухот, елаборати за заштита на животната средина, мониторинг на медиумите во животната средина (воздух, вода, почва и отпад) со сопствена акредитирана лабораторија за тестирање, стручни и научни проекти од областа на заштитата на животната средина, планови и програми за управување со отпад и др.

Во делот на безбедноста при работа во согласност со овластувањето од МТСП, „Технолаб“ ги нуди следниве услуги: процена на ризик на работни места со изјава за безбедност, обука на вработените за безбедност и заштита при работа, тестирање и контрола на опрема за работа, мерења и анализи на услови во работна средина, тестирање на заштитно заземјување на електрична инсталација, проекти, елаборати и планови за безбедност при работа.

Лабораторијата на „Технолаб“ е прва акредитирана лабораторија за испитување во животната средина, а денес опсегот на акредитирани методи во оваа лабораторија опфаќа вкупно 85 акредитирани методи за испитување на воздухот, водата, почвата, работната средина и отпадот.

Тренинг центарот во состав на „Технолаб“ спроведува обуки за стручно усовршување на стручните лица за БЗР и обуки за управување и постапување со отпад. 

Во изминативе 20 години компанијата „Технолаб“ континуирано се надградува и усовршува со цел соодветно да одговори на потребите и на барањата на своите клиенти, пред сѐ, преку вложување во современа мерна и лабораториска опрема и одржување и надградување на имплементираните системи за квалитет. 

 

МАРИЛИ: Како се одвива работата на „Технолаб“ во услови на пандемија?

ТРАЈКОВСКА ТРПЕВСКА: „Технолаб“, како општествено одговорна компанија, ја приспособи својата работа на соодветен начин за да обезбеди максимално почитување на мерките и на препораките со цел заштита на здравјето на нашите вработени и на нашите клиенти и соработници. Од моментот на прогласувањето на пандемијата, работата во „Технолаб“ беше реорганизирана со цел навреме да се адаптира на новонастанатите услови и да продолжи со активностите со што обезбедивме достапност на нашите услуги и во услови на вонредна состојба.

Работата на тимот на „Технолаб“ е организирана на тој начин што поголем дел од работните активности вработените ги извршуваат од дома, при што е обезбедена нивна достапност за клиентите со цел навреме да одговорат на нивните потреби. 

 

МАРИЛИ: Кои се идните планови на компанијата?

ТРАЈКОВСКА ТРПЕВСКА: Компанијата „Технолаб“ продолжува со реализирање на својата развојна стратегија и идните планови, пред сѐ, се базираат врз континуиран развој и подобрување на услугите што ги обезбедуваме за нашите клиенти. Во оваа смисла, идните планови на „Технолаб“ вклучуваат развој на постојните услуги и воведување нови услуги во делот на заштитата на животната средина и унапредување и осовременување на услугите во делот на заштитата при работа. 

Моментната состојба на неизвесност и несигурност што владее во бизнис-заедницата наложува зголемена претпазливост и, пред сѐ, иновативност во развојниот сегмент на компаниите. Справувањето со предизвиците на новонастанатиот бизнис-амбиент е мотивирачки момент за „Технолаб“ и се надевам дека ќе нѐ придвижи во правилна насока.

МАРИЛИ: Што значи континуирано успешно да се менаџира компанија од приватниот сектор и како Вие, со Вашиот личен пример, придонесувате за јакнење на женското менаџерство?

ТРАЈКОВСКА ТРПЕВСКА: Менаџирањето со една компанија подразбира постојана посветеност и фокусираност на поставените цели и стратегиски определби. Достигнувањето на високо поставените цели е постојан предизвик, но сето тоа носи голема сатисфакција кога ќе погледнете назад и ќе станете свесен за постигнувањето. Управувањето, само по себе, е комплексен систем што во секој момент треба да се одржува во максимална кондиција бидејќи и најмала несигурност и колебливост може да доведе до уривање на изграденото. Јас успеав 20 години да го градам и надградувам „Технолаб“ и заедно со мојот тим изградивме здрави и цврсти основи врз кои се потпираме и со кои опстануваме и во овие тешки и турбулентни времиња. Минатата 2020 година беше неизвесна на многу полиња, а не помалку неизвесност не очекува и оваа година. Упорноста и борбеноста се женски карактеристики што резултираат со успех и на полето на менаџментот. Затоа женското менаџерство е придобивка за целото општество, особено во услови на криза и несигурност.


Статијата е прочитана 1737 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско