Саем на книгата од 8-14 септември на отворено кај Аквапаркот кај СЦ „Борис Трајковски“

Саемот на книга ќе се одржи од 8.до 14.септември на отворено, непосредно до Аквапаркот кај СЦ „Борис Трајковски“.

Саемот ќе се одвива според сите важечки владини протоколи, со почитување на сите донесени мерки за заштита од корона вирусот. Мотото на Саемот и оваа година е „безбедни саеми“

Искуството од минатата година покажа дека со почитување на мерките, Саемот за книга може да се одржи во добар ред и со одлична промоција на наслови. При тоа Скопје покажа дека Саемот на книга му е неопходен како еден вид духовна храна, место каде читателите може да ги изберат своите омилени парчиња.

Саемот на книга е поддржан од Министерството за култура.

 


Статијата е прочитана 601 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско