Бизнис вести

„Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг: Економијата на РС Македонија се опоравува од последиците од пандемијата

вторник, 24 август 2021

Кредитната агенција „Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава, ББ- со стабилен изглед. Стабилниот изглед, како што се нотира во извештајот кој го објавува кредитната агенција за РС Македонија ги рефлектира очекувањата дека проектираното економско задравување на нашата држава ќе помогне во лимитирање на фискалниот и надворешниот дефицит во следната година.

Агенцијата нотира дека рејтингот може да се зголеми доколку континуираните структурни реформи ги зајакнат институционалните капацитети истовремено зачувувајќи ги одржливите фискални политики.

Аспирациите за пристапување на нашата држава кон ЕУ може да бидат сидро за таквите институционални подобрувања и напредок на структурните реформи, се истакнува во извештајот.

„Економијата на РС Македонија се опоравува од последиците од пандемијата. И покрај котракцијата во првото тримесечје, очекуваме дека економијата ќе оствари раст од 3,7 проценти. Растот е придвижен од здравото закрепнување на странската побарувачка, којашто ги рефлектира спецификите на интеграцијата на РС Македонија во меѓународните синџири на добавувачи, како и приватната потрошувачка, како резултат на придобивките од заздравувањето на приватните трансфери и од владините мерки за поддршка на стопанството коишто го ублажија расположливиот доход“, се вели во извештајот.

Потенцијалното влошување на состојбата со пандемијата и придружните ограничувања остануваат ризик за економското закрепнување, но, како што забележува кредитната агенција „извозот на земјата се покажа отпорен на наметнатите ограничувања“.

Во однос на државниот долг, Агенцијата очекува истиот да достигне 58 проценти од БДП до 2024 година.

Истовремено Законот за буџети, кој е во процедура на носење, може да помогне во зацврснување на прудентните фискални политики и зајакнување на фискалната рамка.

Надворешната отпорност на РС Македонија се огледува во способноста во привлекување странски инвестиции особено во областа на извозниот сектор, што може да се види и во состојбата на дефицитот на тековната сметка. Се очекува овој позитивен тренд да продолжи и во периодот од 2021 – 2024, се нотира во извештајот на кредитната агенција.

 

Содржината е прочитана 69 пати.