Здравје и убавина

„ДАМА-ДА“ ве запознава со приказната на модното атеље Олгица Ѓоргиева

вторник, 03 март 2020

На тематскиот ден „ДАМА-ДА-Здравјето и убавината во функција на современата жена“ што ќе се одржи на 28 март во Дом на АРМ ќе има дебата „Дали постои мода денеска, или само стил на облекување“ на која ќе се разговара за денешната мода во светот и кај нас, за местото на македонската жена на светската модна сцена, за тоа колку таа успешно се прилагодува на модните трендови согласно своите можности. 


На оваа тема ќе дебатираат нашите познати модни дизајнери Изет Цури, Никола Ефтимов и Олгица Ѓоргиева кои ќе се обидат според сопствените богати интернационални искуства да одговорат на прашањата поврзани со модата.

Приказната на модното атеље Ѓоргиева Олгица, произлезена од креативниот уметнички дух на неговата сопственичка се раскажува на македонската модна писта повеќе од 12 години. Секоја активност на Олгица, креација, настан е дел од таа приказна која успеа да се избори за своето место и да се запише во историјата на модата во Македонија, но и пошироко.

 Вложувајќи го сопственото име во бренд Ѓоргиева Олгица, од модното атеље на Олгица излегуваат стилизирани парчиња облека, мудро избрани и приспособени на секоја личност, сензибилитет и конструкција пооделно. Ова атеље е специјализирано за изработка на секаков вид облека и за различни прилики. Дали станува збор за секојдневје, работа, коктел или некоја свеченост или, пак, можеби свадба, секогаш е предност кога има со кој, каде и како да се реализира сечија идеја. 

„Во денешно време е најбитна идејата и приказната што ја градиме околу себе, а еден многу битен дел од таа приказна е вашиот стил, кој повеќе или помалку во исто време и дава тежина на вашата личност! Мудро избирајте ги вашите парчиња облека и секако, естетиката нека биде вашиот водич во градењето на тој стил! ГО Ѓоргиева Олгица е тука со вас и со задоволство би била дел од вашата модна приказна!“, порачуваат од модното атеље Ѓоргиева Олгица.

Клиентите можат да го посетат ова креативно катче кое од неодамна е во нов простор, каде ќе им биде посветено комплетно внимание.


 

Содржината е прочитана 291 пати.