Бизнис вести

Северна Македонија и Грција потпишаа договор за изградба на интерконектор за природен гас

петок, 09 јули 2021

Министерот за животна средина и енергетика на Грцја, Костас Скрекас и министерот за економија на Македонија, Крешник Бектеши денеска во Атина го потпишаа договорот за енергетска интерконекција, односно за изградба на гасоводот помеѓу двете земји. Со реализацијата на проектот Македонија станува енергетски коридор за земјите од Југoисточна Европа.

„Ова е важно за економијата во целина и за конкурентноста на нашите компании, а природниот гас ќе продолжи и на пазарите во Косово и Србија. Ја користам приликата да му се заблагодарам на грчкиот министер за одличната соработка“, изјави Бектеши.

Интерконекторот за природен гас е во вредност од околу 100 милиони евра, од кои 54 милиони евра ги инвестира Македонија. 

„Ова е важен договор, бидејќи ќе се создадат илјада работни места за време на изградбата. Околу 110 милиони евра ќе чини изградбата на овој важен проект, што ќе ги обедини двата системи за природен гас на двете држави и секако, откако ќе почне со работа, овој гасовод многу ќе помогне во дополнителниот развој на нашите економии“, истакна Скрекас.

 

Содржината е прочитана 79 пати.