Уште 10 ученици започнуваат со пракса во „Кромберг & Шуберт“

Вчера беа потпишани договори за извршување практична работа помеѓу компанијата „Кромберг & Шуберт“ и учениците што завршија прва година на насоката Техничар за Индустриска Мехатроника во СОТУ „Ѓорги Наумов“ од Битола

 

 

Уште една паралелка од насоката Техничар за Индустриска Мехатроника започнува со пракса во „Кромберг & Шуберт Македонија“ во склоп на дуалното образование

Вчера беа потпишани договори за извршување практична работа помеѓу компанијата „Кромберг & Шуберт“ и учениците што завршија прва година на оваа насока во Средното техничко училиште СОТУ „Ѓорги Наумов“ од Битола.

„Кромберг & Шуберт“ се приклучи кон моделот на дуалното образование во 2018 година придонесувајќи да се оформи новата насока за техничар за индустриска мехатроника. Разликата помеѓу дуално и класично образование е тоа што учениците од оваа насока почнуваат со посета на практична настава кај работодавач од втора година средно образование.

Изминатата учебна година веќе се спроведе практичната настава во компанијата за учениците кои беа втора година со тоа што еден ден во неделата учениците го поминуваа во посебно опремениот кабинет по мехатроника во склоп на компанијата.

Сега 10 нови практиканти ќе започнат со посетување феријална пракса во наредните две недели, додека учениците од паралелката која заврши втора година веќе посетуваат пракса под раководство на посебно обучени ментори и заедно со техничарите од компанијата активно се вклучени во одржувањето на тест-масите во производствениот погон.

„Ова е одлична можност за учениците да може практично да се запознаат и да ги продлабочат веќе стекнатите знаења. Секое теоретско стекнато знаење го добива своето значење кога истото и практично се применува“, велат од „Кромберг & Шуберт“.

 


Статијата е прочитана 676 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско