Инфо

Апликација „Селектирај отпад“ за собирање на селектираниот отпад од дома

петок, 25 јуни 2021

Селектирај отпад“ е нова апликација за собирање на селектираниот отпад од домовите. Нејзината цел е на едноставен, иновативен и ефикасен начин да се собира селектираниот отпад од домаќинствата и истовремено да се мотивираат граѓаите активно да се вклучат во процесот на селектирање на отпадот и унапредување на животната средина.

Марио Томов заедно со експерти на Networker ја создаде, како што вели, првата апликација во државата, регионот и пошироко која е едноставна, иновативна и ефикасна и лесно ќе го поврзе домаќинството со компаниите кои собираат селектиран отпад.

А, тоа може да се направи преку 5 чекори. Прво, преку апликацијата се бара кеса, која потоа се подигнува од најавената локација, па се полни со правилно селектиран отпад. Следно треба да се скенира QR кодот како знак за полна кеса и да се предаде на колективен собирач. На овој начин се собираат поени. Собраните поени на профилот ќе може да се користат на таканареченото „тркало на отпадот“ каде граѓаните ќе имаат шанса да добиајт вредни ваучери. За првите 10 лица на ранг листата ќе следува парична награда.

Во соработка со „Пакомак“, „Гринтех“ и фабриката „Карпош“ ќе биде лансирана тест верзија (бета-верзија) од апликацијата „Селектирај отпад“, пред сè наменета за лицата кои живеат во еко-населбата Александрија.

„Сепак, како корисници на апликацијата ве покануваме сите да бидете дел од еко-движењето и да ја симнете апликацијата, креирајте свој профил, подигнете кеса и предадете ја со правилно селектиран отпад на одредените денови и термини во населба Александрија“, се вели во соопштението.

 

Содржината е прочитана 99 пати.