„Македонија2025“ заедно со МАНУ, бизнис заедницата и институциите ќе работи на забрзана дигитализација преку „Дигитална иницијатива“

Забрзување на процесот на дигитализација и унапредување на дигиталните вештини на македонските граѓани и бизниси е главна цел на „Дигиталната иницијатива“ што ја иницира организацијата „Македонија2025“. „Дигиталната иницијатива“ ќе се реализира преку широко партнерство со деловната и политичката заедница, како и научната фела, застапена преку Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

На денешната средба на која присуствуваа претставници на „Македонија 2025“, претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев и министерот за информативна технологија, Јетон Шакири констатирано е дека Македонија заостанува зад ЕУ и светот во дигитализацијата и тоа во сите три сегменти: граѓани, бизниси идржавни институции, заради што е неопходно забрзување на процесот на дигитализација преку креирање на соодветни услови во јавната администрација, приватниот сектор и кај граѓаните.

„Несомнено, иднинаната е во дигитализацијата и дигиталните вештини. МАНУ ќе ги вложи своите ресурси за Дигиталната иницијатива да го трасира виситнскиот пат за просперитетна Македонија.“, изјави Претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев.

На состанокот беше презентиран и планот за работа и клучните активности што ќе се спроведат во подготовка на „Дигиталната иницијатива“ на МК 2025. Планот го презентираше Васко Кроневски извршен директор на „Некстсенс“ и член на Одборот на директори на Македонија 2025.

„Дигиталната иницијатива“ покрај другото има за цел создавање на ефикасна и брза администрација која ќе биде основа за економски развој и поголема функционалност во сите сфери во општеството.

Министерот за информатичка технологија и јавна администрација Шаќири ги истакна плановите на Владата во доменот на дигитализација, при што истакна:

 „Дигиталната иницијатива на ’Македонија2025’ е добредојдена и во право време, за да се здружиме со приватниот и граѓанскиот сектор и да ја реализираме дигиталната трансформација час поскоро“.

„Македонија 2025“ преку своите активности се залага за развој преку поттикнување на соработка и поврзување на македонската дијаспора со академската, политичката и бизнис заедницата.

„Во услови на глобална економија, за мали земји како нашата од исклучителна важност е развој на дигитализацијата и на дигиталните вештини. Тоа ќе ја зголеми нашата конкурентност, а истовремено ќе го подигне квалитетот на услуги од земјава. Оттука наша цел е преку оваа иницијатива да ги поврземе сите важни чинители бидејќи само преку заедничко залагање може да имаме ефективни резултати“, истакна Никица Мојсовска Блажевски, извршна директорка на „Македонија2025“.

„Дигиталната иницијатива“ е дел од мисијата на „Македонија2025“. По денешниот иницијативен состанок, според планот кои денес беше презентиран, ќе следуваат низа активности во следниот период, со што ќе се забрза процесот на дигитализација во земјава.

 

 


Статијата е прочитана 506 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско