Развојна банка го објави јавниот повик за продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата од „Ковид 2“

Развојната банка на Македонија го објави јавниот повик за продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата на кредитите за кредитокорисниците од ,,Ковид 2”. Јавниот повик ќе трае 7 дена, заклучно со 18 јуни 2021 година до кога може да се поднесе барање за продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата за 12 месеци.

Преку објавата на јавниот повик се реализира мерка објавена во петтиот паке економски мерки. Објавата на јавниот повик е на веб страницата на Развјната банка и е во согласност со Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за условите и критериумите за репласирање на средствата од компензационите фондови од странска помош, објавена во Службен весник на РСМ бр.121 од 03 јуни 2021 година.

Субјектите кои користат кредит од ,,Ковид 2”, во рок од 7 дена треба да поднесат барање до Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје. Барањето е прикачено на јавниот повик, а за дополнително поедноставување на постапката барањето се доставува преку електронска форма.

 


Статијата е прочитана 481 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско