Просечната нето-плата во март 28.217 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во март 2021 година изнесува 28.217 денари и бележи раст во однос на март лани од 6,8 отсто, објави  Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите Уметност, забава и рекреација за 17,9 отсто, Дејности на здравствена и социјална заштита за 12,3 отсто и Информации и комуникации за 12,1 отсто.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во однос на претходниот месец е забележано во секторите Рударство и вадење на камен за 14,9 отсто, Дејности на здравствена и социјална заштита за 5,3 отсто и Градежништво за 4 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во март 2021 година изнесува 42.097 денари.


Статијата е прочитана 601 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско