Бизнис вести

Трајан Ангеловски е нов претседател на Индустриската комора на Македонија

вторник, 06 април 2021

Трајан Ангеловски, косопственик и извршен директор на компанијата за производство, трговија и развој на врзувачки елементи „Ариљеметал“ е новиот претседател на Индустриската комора при Сојузот на стопански комори. Ангеловски, кој е долгогодишен член на Управниот одбор на Комората успешно раководи со „Ариљеметал“ повеќе од 10 години.

Ангеловски истакна дека мандатот ќе го посвети на создавање подобра бизнис клима за компаниите од индустрискиот сектор, преку интензивирање на соработката со надлежните институции во поглед на прилагодување на законската регулатива и модернизирање на постапките и процедурите, како и преку унапредување и продлабочување на соработката со релевантни меѓународни институции и организации.

На седницата на Собранието на Индустриската комора се дискутираше за предизвиците со кои секторот беше соочен во последната година и мапирањето на идните чекори за подобрување на условите за работа и зголемување на пласманот.

 

Содржината е прочитана 34 пати.