Сертифицирана онлајн обука „Психологија на успехот“

Обуката ќе се одржи на 27 февруари во хотел „Сити Палас“ во Охрид и на неа ќе може да се присуствува и директно, но и онлајн. Ја организира проф.д-р Љупчо Кеверески, Национален координатор на Интернационалното здружение за емоционална интелигенција, Њујорк, САД

 

 

„Психологија на успехот“ е насловот на вебинарот што ќе се одржи во сабота на 27 февруари во хотел „Сити Палас“ во Охрид. Обуката на која може да се присуствува и директно но и онлајн, а чија цел е постигнување индивидуална и организациска хармонија ја организира проф.д-р Љупчо Кеверески, Национален координатор на Интернационалното здружение за емоционална интелигенција, Њујорк, САД.

На обуката ќе бидат дадени одговори на повеќе прашања околу успехот и успешните луѓе: дали успехот е имплицитна потреба на секоја индивидуа, дали талентот за успех се поседува или се наследува, како се гледа на успешните луѓе, дали е можно генерациско предавање на успехот, како да се состави успешен тим, кои се типичните особини на успешните луѓе,  дали рецептот за успех се продава. Потоа ќе се бараат одговори на прашањата: каков е психолошкиот профил на успешните луѓе, дали е позната формулата на психологијата на успехот на жените, дали е потребна ревитализација на машкото лидерство, дали се руши митот на психологијата на успехот во машко-женскиот лидерски свет...?

На обуката свои предавања ќе имаат проф.д-р Милан Јазбец, поранешен амбасадор на Република Словенија во Скопје кој ќе говори на тема„Успехот помеѓу теоријата и практиката“, потоа проф.д-р Јасмина Старц, проректор на Универзитет Ново Место од Словенија со темата „Емоционалната интелигенција на работното место“. Генералниот директор на Веро од Скопје, Петар Денковски ќе зборува на тема „Веро од идеја до бренд“, Наташа Јовческа, генерален менаџер на ЛТХ Леарница Охрид на тема „Нова визија на успехот на ЛТХ Леарница – Охрид, додека Лидија Трипуноска, генерален менаџер на агенција „Марили“ ќе го сподели своето практично искуство за „Успехот и женските лидери“.

Модератор на вебинарот е проф.д-р Љупчо Кеверески

Обуката има за цел зачувување на психолошкиот имунитет, споделување позитивни лични и организациски практики, развој на вештини за селф-менаџмент, тајм менаџмент, емоционална интелигенција, емпатија, талент-менаџмент....

На обуката можат да присуствуваат сите кои се заинтересирани за себе и за другите, актуелни и потенцијални лидери од различни нивоа, студенти, родители, ученици ...Обуката ќе биде еднодневна и ќе се реализира преку 4 модули од по 60 минути. Учесниците ќе фобијат линк за онлајн поврзување еден ден пред одржување на вебинарот. Физичко присуство се однесува на 15-20 учесници, исто толку и онлајн присуство.

За физичко присуство цената за учество на обуката изнесува 20 евра, а за онлајн присуство 15 евра. За повеќе од 2 учесници од исто семејство или организација предвиден е попуст од 30 проценти. За студенти и постдипломци цената е 10 евра. Покрај неопходните работни материјали, вежби учесниците ќе добијат и сертификат за учество

Уплатата треба да се изврши на жиро сметка на Интернациоанлен центар за Емоционална интелигенција (ИЦЕИ – Охрид) со број 240 120 113 342 583 Уни Банка

Реализацијата на обуката ќе ја мониторира Интернационалното здружение за Емоционална интелигенција од Њујорк, САД.

 

Подетални информации и објаснувања околу обуката може да се добијат на тел. 070 264-787 и на адресата: kever@mt.net.mk

 


Статијата е прочитана 835 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско