Ајдован Адемовски ќе го купи ТЦ „Рамстор“

Претседателот на Македонско-Турска стопанска комора во Македонија (МАТТО), Ајдован Адемовски планира да купи 100 проценти од акциите на „Рамстор Македонија“, соопштија од МАТТО.

Адемовски, кој е почесен конзул на Турција во Македонија е сопственик и  на ТЦ „Капитол мол“ во Аеродром и на хотелот „Хилтон“ во Скопје.

Потпишувањето на договорот за пренос на уделот треба да се случи за кратко време.

„Рамстор“ кој започна со работа во Македонија во 2005 година е дел од Мигрос Тиџарет А.Ш, еден од најголемите синцири маркети во областа на малопродажбата во Турција.

Рамстор има вкупно 21 маркет во 6 градови низ Македонија и еден трговски центар во центарот на Скопје со повеќе од 90 избрани продавници и брендови и сместен на простор во 25.000 квадратни метри.


Статијата е прочитана 748 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско