Антикризните мерки следната недела, Владата оптимист дека инфлацијата ќе биде под шест проценти до крајот на годината

Новиот пакет антикризни мерки, според најавите на Владата, се очекува да биде објавен кон средината или крајот на следната недела. Во меѓувреме, мерката со која дел од прехранбените производи се продаваат со „гарантирана цена“ е продолжена до крајот на годината наместо како што првично беше најавено до крајот на овој месец. 

Од 20 септември годинава почна да важи мерката за „гарантирана цена“ на вкупно 24 категории прехранбени производи, а на 27 септември беше проширена и со безалкохолните пијалоци, газираната и негазираната вода и пивото. Цените на производите, согласно одлуката, треба да се најмалку 10 отсто пониски од цените регистрирани на 1 август. 

Според Владата, мерките во однос на намалувањето на цените на прехранбените производи веќе даваат резултати, а дополнително намалување на цените се очекува и со предложениот закон за нефер трговски практики којшто се очекува идната недела да биде усвоен на владина седница, а потоа и испратен до Собранието.


Статијата е прочитана 200 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско