Царината ќе добие 4,8 милиони долари грант од Кореја за управување со ризици

Царинската управа на Северна Македонија ќе добие 4,8 милиони долари грант од Владата на Република Кореја за воспоставување систем за управување со ризици и податочен склад. 

 

Грантот е дел од меморандумот за соработка што денеска треба да го потпишат Царинската управа и Царинската служба на Република Кореја.

Како што е најавено, меморандумот ќе го потпишат директорот на Царината, Стефан Богоев и директорот на Бирото за Информатички комуникациски системи при Царинската служба на Република Кореја, Ки Донг Ким. 


Статијата е прочитана 170 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско