„Жанета Естетик“ ви нуди можност за релаксација и нега во пресрет на Новогодишните празници

Интервју со Жанета Џафер, сопственик и генерален менаџер на салонот за убавина „Жанета Есететик“ во кое говори за почетоците, за услугите што го нуди овој салон, но и за специјалноста што го издвојува од останатите

МАРИЛИ: Како искусен професионалец кој со децении се занимава со козметологија, може ли да ни кажете неколку предлог третмани за лице и за тело, но и за коса, што ќе им бидат добредојдени на жените во пресрет на Новогодишните празници! 
ЏАФЕР:
Најнапред лицето треба да се исчисти, односно, да се направи класичен хигиенски третман – да се хидрира со помош на освежителни маски, тоа е ацерола со витамин Ц, маска од 100 проценти кавијар за да се врати хидратацијата на кожата. Може и третман со дијамантска прашина заради сјајот на кожата, а тука е и кристалната маска и актуелниот третман за кој сме сертифицирани за жени кои се во урбан град каде најчесто има честички кои негативно влијаат на свежината на кожата и поради таа причина кожата старее.
Предлог за третирање на телото се релакс масажи со етерични масла за да се изрелаксираат пред долгата новогодишна ноќ со избор на средства – топли камења, бамбус стапчиња и школки.
Што се однесува до фризерскиот дел, за косата да изгледа жива и хидрирана се предлага третманот со хијалурон, а во комбинација влегуваат и кавијар и колаген третмани за коса. Маските се внесуваат со ладна пегла со инфрацрвена светлина.

МАРИЛИ: Годинава во октомври „Жанета Естетик“ одбележа 30 години постоење. Дали тоа значи дека бевте меѓу првите приватни бизниси кои се занимаваат со козметологија, какви беа почетоците?
ЏАФЕР:
Токму така, октомври е месецот кога одбележавме 30 години постоење на „Жанета Естетик“ и тоа е мој месец, бидејќи отворањето на мојот козметички салон е поврзано со мојот роденден. Да, бев меѓу првите козметички салони и горда сум што опстоивме 30 години како препознатлив бренд во Македонија, но и надвор од границите, бидејќи ние имаме нешто што е препознатливо - работа со проблематични лица каде што е потребна подлабока нега, но и посветеност, а тоа е проблемот со акните кој е неизбежен во пубертетските денови. Па, затоа сметам дека тоа е и клучот на нашиот успех, бидејќи е многу лесно да се освежи кожата на лице кое нема проблем со акни, но малку е потешко да се среди лице со инфекција и проблем со акни.
Почетоците беа секако тешки. Најнапред требаше да се стекне доверба кај клиентите, но сега, всушност, излечените клиенти се нашата најдобра реклама. Да потсетам, во 2006 година добивме Златна маска за врвни достигнувања во медицинската козметологија и воедно јас, како Жанета Џафер, специјалист козметолог влегов во светот на успехот. Додека ја примав наградата реков: „Патот е трнлив, но ако секојдневно го постиламе со успеси, успехот е неизбежен во било која бранша“. 

МАРИЛИ: Какви се услуги денес нуди „Жанета Естетик“ и дали имате своја специјалност по која се издвојувате меѓу бројните салони за убавина?
ЏАФЕР:
„Жанета Естетик“ ги нуди сите козметички услуги што и се потребни на една жена, но секако, не ја издвојуваме и машката популација. Третмани за лице, педикир, маникир, депилација, разни видови масажи со топли камења, бамбус масажи, масажи со школки, антицелулитни, релакс и др. Но, ние се издвојуваме од останатите, бидејќи нам специјалност ни се проблематичните кожи и нивно третирање со најсовршени третмани во кои се користат третмани со матични клетки и разни маски без конзерванси, како и креми и сапуни на билна база.

МАРИЛИ: Кој е најкраткиот временски период за којшто може да се санира проблематична кожа со акни?
ЏАФЕР
: Најкраткиот период за третирање на акни е од 15 дена редовно чистење и третирање на акнеста кожа во тешка фаза до 12 месеци, после тоа клиентот се следи со редовни контроли и месечни третмани.

 

 

МАРИЛИ: Наведете го комплетиот редослед на протоколот по којшто е санирана кожата на младата личност што ја гледаме на видеото што следи!


ЏАФЕР
: Редоследот е следен:
а) чистење на воспалени акни
б) чистење на митесери кои треба да се претворат во акни
в) чистење и себерегулација на кожата (учење на жлездите да не лачат неконтролирано)
г) хемиски пилинзи и маски со колаген (регенерација на кожата)

МАРИЛИ: Годинава добивте Серификат за квалитет EUMK. Што претставува тој?
ЏАФЕР:
Сертификатот за квалитет EUMK претставува сигурност за клиентите дека фирмата е сигурна и препорачана на клиентите. Тоа значи дека со сигурност се препорачува дека услугите се квалитетни, а сите производи кои се нудат се со висок квалитет и постои уверение за квалитет А.

МАРИЛИ: Ваш висок приоритет, освен квалитетот, е и коректноста во односот со клиентите и соработниците, за што и оваа година добивте Сертификат за коректна фирма. Колку сето ова влијае на успешноста и долготрајноста во приватниот бизнис?
ЏАФЕР: Влијае многу. За да ги задржиме клиентите мораме да бидеме коректни со сите клиенти и со сите нив, неазвисно дали се странски дравјани или домашни клиенти треба да се има ист однос. А, секако и со соработниците, бидејќи за да се добие овој Сертификат ние сме следени повеќе од една година и притоа се собирани мислења од конзументи на нашите услуги, па не смееме да имаме негативни критики. Направена е детална анализа. Сите овие сертификати се многу битни за мислењето и довербата на нашите клиенти.

МАРИЛИ: Вие сте успешна жена менаџер, но сте и сопруга и мајка. Колку е напорно да се биде подеднакво успешен во сите улоги?
ЏАФЕР:
Да, јас сум и во улога на мајка, имам два ангела, тоа се Сара и Давид – мојата ќерка и мојот син. Напорно е да се стигне секаде, но фала му на бога мојата енергија ми овозможува да стигнам, бидејќи мојата љубов кон козметиката е неизмерна, па оттука црпам за моето семејство.

МАРИЛИ: Дали имате слободно време и како најчесто го поминувате?
ЏАФЕР
: Слободно време имам се помалку, но најчесто го користам со моето семејство, а најмногу ме релаксира природата. Значи, сакам да бидам далеку од градското темпо и бучава и да побегнам, а тоа е со нашиот „трејлер“ кој ми е втор дом и уживам да кампувам, со оглед дека во него ги имам сите услови да се опуштам каде и да се стационираме во Македонија или надвор од неа.
 


Статијата е прочитана 2520 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско