„Макпетрол“ продолжува да работи без рестрикции и покрај загубите

И покрај неминовните загуби во работењето поради глобално-политичката ситуација која наметна неколкукратно зголемување на цените на сите нафтени деривати, „Макпетрол“ информира дека продолжува да работи без застој и без рестрикции

„Компаниите што се дел од оваа економска гранка се наоѓаат во исклучително тешка ситуација, што подразбира и работа со загуба.

Имајќи ја во предвид долгогодишната традиција и професионални капацитети, компанијата и во овие особено тешки и комплексни услови ќе продолжи да работи без застој и рестрикции, со цел и граѓаните и компаниите без проблеми да функционираат, се вели во соопштението од „Макпетрол“.

Од компанијата потсетуваат дека набавката на гориво во буриња, канистри, канти и други садови е спротивно на законските реулативи, бидејќи несоодветното складирање и чување на горивата може да предизвика опасни ситуации по животот на луѓето, како и загадување на околината.

 


Статијата е прочитана 335 пати.

Сподели: