Збогатете го новогодишното пакетче со книга - Чоколадо vs. Искуство

Интерактивната книга „#Благодарам“ на Ана Салтирова Давидовски е наменета да им биде поддршка на родителите во градење на позитивното размислување кај децата

 

Ана Салтирова Давидовски ја има напишано книгата „#Благодарам“ и играта #Благодарам“ која има интерактивен карактер и е наменета истовремено и за родителите и за децата со цел да ги приближи едни до други, а родителите подобро да се запознаат со размислувањата и вистинските вредности на своите деца. Од тие причини и ја нуди книгата да биде дел од новогодишните пакетчиња.

 

Не е разумно да очекуваме секогаш се да оди во посакуваната насока, но затоа можеме да избереме секогаш да бидеме благодарни како за победите така и за лекциите. Новото време не ни донесе се она што посакувавме, но затоа ни донесе нешто поважно, свесност да бидеме благодарни за работите кои ги имаме или ги имавме а кои што ги подразбиравме.

 

Дали сакате новогодишните пакетчиња да ја подржат програмата work-life баланс и како компанија да бидете поддршка во ова ново време, доколку одговорот е ДА, ве молам продолжете да читате.

 

Поривот да ја напишам книгата се јави од моето воодушевување од НЛП (неуролингвистичко програмирање – методологија за личен и професионален успех произлезена од истражувањата што е клучната разлика помеѓу успешните и не толку успешните луѓе и како да се премости тој јаз) од една страна и од друга страна моите две дечиња кои во мене ја разбудија желбата за адаптирање на знаењето стекнато во НЛП едукацијата за најмладите со приказни блиски до децата.

Покрај сите работи кои ги обезбедуваме за нашите деца, топол дом, облека, храна, играчки, одмор ... ние на дар им го даваме и нашиот став кон животот. Со оваа книга, која е наменета да им биде поддршка на родителите во градење на позитивното размислување кај децата, и самите родители ќе имаат можност да го погледнат сопствениот живот со нови очи, да погледнат што сѐ има добро во него. Самата книга е интерактивна со искажување благодарност на различни теми од детето од една страна и од друга страна родителот. Со активно партиципирање во книгата родителите ќе имаат можност со децата да поразговараат на различни теми, да видат како децата им размислуваат и да ги носат кон вистински вредности. 

Кога се избира стратегија за успех често се занемаруваат двата чекори, а тоа е како се чувствувам кога ја избирам стратегијата за успех, првиот чекор и што зборувам додека ја избирам стратегијата за успех, што е вториот чекор. Како одговор на првиот чекор настана интерактивната книга „#Благодарам“ и играта „#Благодарам“, а како одговор на вториот чекор работам на втората книга „играта #КакоМоже 1,2,3“ веќе е тука. Благодарноста е научно докажано дека ја менува состојбата во која се наоѓаме, го менува начинот на кој се чувствуваме, а истото е поткрепено со многубројни истражувања.

Со овој текст сакам да ја отворам можноста за збогатување на препознатливите чоколадни новогодишните пакетчиња со искуство, да ги поканам компаниите да ги збогатат новогодишните пакетчиња за дечињата со интерактивната книга #Благодарам. Верувам дека со помалку чоколади и книга бенефитот ќе биде на двете страни, на вашите вработени ќе им подарите квалитетно време поминато со нивните најмили во кое ќе согледаат дека во животот имаат многу работи кои заслужуваат и славење, а тоа ќе им го подобри и расположението. Со подобрено расположение и задоволни ќе дојдат на работа, а науката потврдува дека задоволни и расположени вработени имаат подобри резултати, што дирекно влијае на резултатите на компанијата.

 

ПОДАРОК за вас, независно од одлуката за вклучување на интерактивната книгата #Благодарам во вашите новогодишни пакетчиња, се игрите кои се дел од Кампањата #ЛиченИзбор. Овие игри имаат за цел да помогнат во опремување на новите генерации со клучните вештини потребни за работното место и во животот воопшто, ставот како може (играта #КакоМоже 1,2,3) т.е. фокус кон изнаоѓање решение vs. фокус на проблемот и позитивниот став со фокус на се она што е добро (играта #Благодарам). Со подарување на овие игри на вашите вработени ќе им подарите и квалитетно време поминато со нивните најмили во кое верувам дека и тие ќе имаат корисни увиди применливи и во деловното окружување. Побарајте ги во DM на Instagram @ana.saltirova.davidovski и FB page Ana Saltirova Davidovski – Blagodaram @licenizbor.

 

Интерактивната книгата #Благодарам има 72 страници, тврда корица и во 2018 година беше на листата најпродавани 20 книги преку www.kupikniga.mk, а во првата година го доживеа и своето реиздание. Запознајте ја книгата во ова 1,5 минутното видео на следниот линк.

https://www.canva.com/design/DAEuGdQzhf4/HquQ26YhLIUPe0Kn8YR8HQ/watch?utm_content=DAEuGdQzhf4&utm_campaign=designshare&utm_medium=link&utm_source=publishsharelink

ПР текст

 


Статијата е прочитана 2204 пати.

Сподели: