Бензините поевтинуваат по половина, дизелот за еден денар

Од вечерва на полноќ нафтените деривати ќе имаат нови цени, минимално намалени за половина до еден денар по литар. Регулаторната комисија за енергетика ги намали цените на горивата во просек за 1,95 проценти.

Цените на бензините се намалуваат по половина денар, па литар Еуросупер-95 ќе чини 58.00 денари, а Еуросупер-98 ќе се точи по 60.00 денари литар.

Дизелот и Екстра лесното малсо за домаќинство ќе се намалат за еден денар по литар и цената на Еуродизел, како и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 49,50 денари литар

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,107 денари по килограм и ќе изнесува 25,831 денари килограм.
 


Статијата е прочитана 693 пати.

Сподели: