„Филип Морис“ ќе отвори нови 50 работни места во Центарот за грижа на корисници во Скопје

„Филип Морис“ го релоцира Центарот за грижа на корисници од „Телеперформанс“ од Атина во Скопје и во него ќе бидат отворени нови 50 работни места. Во овој модерен центар веќе работат 300 лица, чија просечна плата изнесува околу 700 евра.

„Ги поддржуваме младите кои сакаат да работат во интернационална компанија во која ќе бидат инспирирани да учат, да растат и да се развиваат. Нудиме одлични можности за работа, атрактивна плата и пријатна работна атмосфера со цел младите да останат да работат во државата“, рече Михел Шмит, главен извршен директор на „Телеперфоманс“ - Германија задолжен за македонската филијала.
Спореда премиерот Зоран Заев, ваквите инвестиции на интернационални компании кои веќе работат во земјава, се потврда дека деловната клима нуди можност за раст и развој на приватниот сектор.
„Глобалните компании како ‘Филип Морис Интернешанл’ вложуваат во иновации и развој, отвораат нови можности за младите да работат во средина карактеристична за големите реномирани компании. Тоа значи и можност за професионален напредок по меѓународни стандарди. Развиен приватен сектор значи развиена држава и затоа со низата мерки кои ги спроведуваме даваме стимул на компаниите да вработуваат млади кадри и да вложуваат во нив“, рече Заев.

„Филип Морис Интернешнал“ влезе на македонскиот пазар во 2014 година кога го презеде Тутунскиот комбинат во Прилеп.

 

„Поставивме заедно нови стандарди и успеавме да ја трансформираме тутунската индустрија во земјава. Од една страна Тутунскиот комбинат Прилеп постигнува одлични резултати што се однесува до производството на цигари, а од друга страна ‘Филип Морис’ го комерцијализираше IQOS, иновативен уред кој го загрева но и го согорува тутунот, а кој има потенцијал да ја трансформира целата тутунска индустрија и да обезбеди иднина без тутунски чад“, рече генералниот директор на „Филип Морис“, Иван Костиќ.


Статијата е прочитана 507 пати.

Сподели: