Центар за странски јазици – Скопје нуди онлајн курсеви по странски јазици

Центарот за странски јазици – Скопје (ЦСЈ) е основан 1954 година и веќе 67 години континуирано изведува квалитетна настава по странски јазици за слушатели од различни возрасти со високо квалификувани професори користејќи најсовремени програми и методи. Во него се изведува настава по англиски, германски, француски, италијански, грчки, албански, словенечки, македонски за странци и др.

Курсевите во Центарот за странски јазици се усогласени со Заедничката европска рамка на нивоата на Советот на Европа (ЗЕР), од А1 до Ц2.

Изминатата година, ЦСЈ ја збогати својата понуда со онлајн курсеви со професор кои имаат ист квалитет на настава како и со физичко присуство во училиштето.

Заради тековната здравствена ситуација со Ковид-19 во државата, наставата во првиот семестар ќе се изведува онлајн.

Запишувањето на слушатели е преку веб страницата https://moj.csj.edu.mk. Тука слушателите можат да се информираат за форматот на курсевите, термините, цените и начинот на плаќање.

 

Редовните курсеви за возрасни траат 17 недели, се изведуваат два пати неделно по 105 минути. Интензивните курсеви за возрасни траат 8,5 недели, се изведуваат четири пати неделно по 105 минути, а курсевите за деца и младинци траат 34 недели и се изведуваат два пати неделно по 70 минути.

За слушателите кои за прв пат се запишуваат во Центарот за странски јазици, овозможено е онлајн тестирање за утврдување јазично ниво. Тестирањето е писмено и усно. Усното тестирање се изведува по претходно договорен термин.

Уписот трае до 17 септември 2021 година, а наставата започнува на 20 септември 2021 година.

Задоволството на нашите редовни слушатели и фирми клиенти е наша најголема препорака.


Статијата е прочитана 676 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско