Култура

Од 15 септември изложба „Допирот“ во Мала станица

понеделник, 13 септември 2021

Во среда, 15 септември во 20,00 часот во Мала станица ќе биде отворена изложбата „Допирот“ што ја подготви Ана Франговска, куратор на проектот во соработка со нејзината матична куќа Националната галерија на Република Северна Македонија, а во партнерство со Британскиот совет и агенцијата за подвижни слики „Лукс“ од Обединетото Кралство Велика Британија.

На изложбата учествуваат исклучителни уметнички имиња од британската визуелна сцена која ја третира проблематиката на движечки слики (Бен Риверс, Уриел Орлоу, Шарлот Проџер, Луис Хендерсон и Бедвир Вилијамс), како и нашите еминентни современи уметници - Елпида Хаџи-Василева, Велимир Жерновски и Кристина Пулејкова. Во фокусот на уметничките истражувања е дискурсот за екологијата и заштитата на животната средина.

Изложбата ќе биде отворена до 15 октомври, а при посетата е задолжително почитување и применување на протоколите за влез и присуство на јавни настани заради заштита од Ковид-19.

 

 

Содржината е прочитана 53 пати.