„Виз ер“ воведува четири нови дестинации од македонските аеродроми

Четири нови авиолинии од македонските аеродроми најавува „Визер“. Од ТАВ Македонија информираат дека најброрастечката авиокомпанија во Европа од декември годинава ќе воведе нови дестинации до Италија, Германија и Данска. Поточно, од Меѓународниот аеродром Скопје ќе се лета до Болоња и Торино во Италија и до Билуид во Данска, додека од аеродромот „Св. Апостол Павле Охрид“ авиокомпанијата ќе почне да лета до Фридрихсхафен, Германија.  

Новите летови се воведуваат благодарение на поставувањето на петтиот авион во базата на „Виз ер“ во Скопје

Првите летови до сите дестинации ќе почнат во декември 2021 година, а компанијата веќе почна со продажба на авиобилети, кои се достапни на wizzair.com и преку mobile app.  

 

НАЈНОВИТЕ АВИОЛИНИИ НА ВИЗЕР ОД СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

 

Авиолинија

Денови

Започнува од

Цени од

Скопје – Болоња

Среда, недела

19 декември 2021г.

19.99 евра / 1229 ден.

Скопје – Торино

Вторник, сабота

18 декември 2021г.

19.99 евра / 1229 ден.

Скопје – Билунд

Четврток, недела

19 декември 2021г.

19.99 евра / 1229 ден.

Охрид – Фридрихсхафен

Вторник, сабота

18 декември 2021г.

19.99 евра / 1229 ден.

 

„Пресреќни сме што и покрај моменталната криза во авијацијата и рестрикциите за патување поради Ковид-19 ‘Виз ер’ најавува четири нови авиолинии од аеродромите во Скопје и Охрид и го позиционира за сообраќај петтиот авион во базата на Меѓународниот аеродром Скопје. Се надеваме дека најавените нови дестинации – Болоња, Торино и Билунд од Скопје, како и Фридрихсхафен од Охрид, ќе бидат привлечни за нашите патници“, изјави Метин Батак, генерален директор на ТАВ Македонија.   

Новите дестинации се уникатни по нивната култура, природа и гостопримливост. Позната по своите прочуени кули, цркви и раскошни порти, Болоња е еден од најпопуларните градови во Италија, а Торино, пак, е познат по префинетата архитектура и кујна. Градот Билунд е дом на вториот по големина аеродром во Данска и е центар на забавата во Европа, каде може да се најдат атракции за секој член од семејството, особено за најмладите благодарение на познатиот Леголенд. Сместен директно на брегот на езерото Констанца, во Фридрихсхафен се сè врти околу акција и забава во, околу и на вода.

„Среќни сме што најавуваме проширување на нашата мрежа на авиолинии од Северна Македонија до нови дестинации во Италија, Германија и Данска. Со новите услуги ‘Виз ер’ нуди уште повеќе различности во однос на дестинациите за Македонците. Секој може да ужива во ниските цени и да патува безбедно до омилената дестинација со цел да открива нови места со нашите модерни воздухоплови“, рече Паулина Госк, менаџер за корпоративни комуникации на „Виз ер“. 

ТАВ Македонија како аеродромски оператор има имплементирано строги мерки за здравје и безбедност со цел да се спречи ширењето на Ковид-19 во аеродромските објекти. Меѓу другото, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле Охрид“ се стекнаа со акредитација од страна на Меѓународниот совет на аеродроми (ACI) во рамки на Програмата за здравствена акредитација на аеродромите, што претставува нов меѓународен репер во однос на спроведени здравствени мерки на аеродромите ширум светот, со цел да се уверат патниците дека аеродромските објекти остануваат безбедни и дека се преземаат мерки на претпазливост за да се намали ризикот по нивното здравје.   

Во исто време, од 19 август 2021 година, согласно новите владини мерки, ТАВ Македонија воведе нови правила за влез во терминалните згради на двата аеродрома: приложување сертификат за вакцинација, или сертификат за прележан Ковид-19 во последните 45 дена, или медицинска потврда за негативен Ковид-19 тест, PCR не постар од 72 часа, или брз антиген тест не постар од 48 часа. Овие правила не се однесуваат на лица под 18 години. 

„Виз ер“ и натаму е во првите редови во индустријата со применети строги здравствени и хигиенски мерки за заштита на патниците и екипажот. Додека Хепа-филтрите на сите авиони на Виз ер ги филтрираат 99,97% од вирусите и бактерии од воздухот, протоколите на „Виз ер“ опфаќаат упатства за физичко растојание, обезбедуваат ултра-чиста животна средина и се редуцираат сите несуштински интеракции и физички контакт, така што патниците можат да се бидат сигурни дека безбедно патуваат до нивната дестинација. Компанијата исто така им препорачува на патниците да додадат WIZZ Flex на нивната резервација, за дополнителна заштита. Со тоа, патниците можат да изберат да патуваат на друг датум, или на друга дестинација, како и да имаат можност да го откажат својот лет до 3 часа пред полетување без надомест и да добијат 100 проценти од оригиналната цена веднаш надоместен во вид на кредит на авиокомпанијата за следни патувања

 


Статијата е прочитана 614 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско