„Македонија2025“ го презентираше финалниот патоказ за мерки и реформи за намалување на бирократски товар

Настанот е дел од проектот „Кон намалување на бирократскиот товар”, чија главна цел e да се измери бирократскиот товар врз компаниите и да се предложат мерки и реформи за намалување на истиот

 

Вчера се одржа настан за консултации во врска со т.н. финален патоказ за мерки и реформи за намалување на бирократскиот товар, организиран од страна на „Македонија2025“. 

Финалниот патоказ за намалување на бирократскиот товар е подготвен врз основа на истражувањето кое го спроведе „Македонија2025“ за мерење на товарот кој бирократијата го наметнува на претпријатијата. Патоказот дава приказ на сегашната состојба со бирократскиот товар и нуди нацрт решенија и препораки за намалување на истиот.

На настанот присуствуваа претставници од деловните организации, државните институции, граѓанските организации и Владата, кои дадоа личен осврт на темата и корисни препораки за креаторите на политиките. Дополнително, на настанот се презентираа наодите и препораките, како и мислењето и искуството со цел финализирање на препораките насочени кон Владата. Кабинетот на зЗаменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции е директен корисник на наодите и препораките во име на Владата.

Пред присутните, Никица Мојсоска Блажевски, главен извршен директор на „Македонија2025“ го презентираше концептот и важноста на проектот „Кон намалување на бирократскиот товар“

„’Македонија2025’ продолжува интензивно да работи на забрзување на растот и конкурентноста на македонските бизниси и токму затоа сметаме дека преку овој проект ќе можеме да им препорачаме на носителите на политиката да создадат бизнис опкружување кое ќе стимулира раст и развој на малите бизниси“, истакна Мојсоска Блажевски.

Сашо Клековски, стручен соработник и аналитичар кој ја подготви анализата, ги презентираше главните наоди и препораки до владините институции, нагласувајќи дека Македонија е лидер меѓу земјите вклучени во истражувањето во смисла на најнизок бирократски товар, што е резултат на значајни позитивни реформи во минатото. Но, пристапувањето кон ЕУ може да доведе до зголемување на бирократијата.

Настанот е дел од проектот „Кон намалување на бирократскиот товар”, чија главна цел e да се измери бирократскиот товар врз компаниите и да се предложат мерки и реформи за намалување на истиот. По извршените консултации ќе биде изработен детален Акциски план за мерки и реформи кои ќе го намалат непотребниот административен товар за македонските претпријатија.

Македонија2025 за овој проект е корисник на финансиска поддршка од програмата Цивика мобилитас.

 


Статијата е прочитана 648 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско