Инфо

Бензините поскапуваат за половина денар, дизелот останува со непроменета цена

понеделник, 05 јули 2021

Малопродажните цени на бензините и на Екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ се зголемуваат за половина денар по литар, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,74 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 71,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 73,5 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 63 денари за литар. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не се менува и останува 63 денари за литар.

За 0,567 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 37,719 денари.

Содржината е прочитана 82 пати.