АРЕЛ НЕВРОМАРКЕТИНГ одржа промотивен настан за запознавање со принципите на невромаркетингот

Компанијата АРЕЛ НЕВРОМАРКЕТИНГ минатата недела оддржа промотивен настан за запознавање со принципите на невромаркетингот. Станува збор за иновативна област која користи напредна биометриска технологија и вештачка интелигенција за истажување на несвесните реакции и емоции на купувачите поттикнати од одредена реклама, веб-страница, цена, производ, услуга инт. Полека но сигурно, невромаркетингот стана поле од интерес за сите компании кои што што сакаат да разберат каква улога игра нивниот бренд во животот на купувачите.

Говорник на настанот беше Јасна Стоимировска Величков, основач на АРЕЛ НЕВРОМАРКЕТИНГ која презентриаше анализи од невромаркетинг истражувањa и интересни откритија кои можат да им послужат на компаниите како инспирација за нови идеи при креирање на маркетинг-кампањи.

Научно е докажано дека донесувањето одлуки пред полица е импулсивно и се случува врз основа на меморија и емоциона врска помеѓу брендовите и купувачите. 

„Оттука потекнува и идејата за основање на АРЕЛ НЕВРОМАРКЕТИНГ. Се залагаме за користење нови иновативни технологии и за брз напредок на маркетинг индустријата во нашиот регион“, рече Стоимировска Величков.

Популарна тема за време на настанот беше мозокот и ЕЕГ (електроенцефалографијата). АРЕЛ НЕВРОМАРКЕТИНГ се пионери во употребата на ЕЕГ за комерцијални цели во регионот. Со поставување екелтроди на скалпот се мерат електричните имплуси на невроните, а со оглед на тоа дека одредени чувства и емоции се поврзани со конкретни региони во мозокот, денес ЕГГ наоѓа примена и во маркетингот. Понатаму беа демонстрирани алатки за мерење на електроспроводливоста на кожата, статичен следач на поглед и следач вграден во очила, ЕМГ и ЕЦГ. Исто така, се зборуваше и за модул на вешачка интелигенција кој препознава емоции од лице.

„Она што еден добро сработен класичен маркетинг можеше да ни го даде до сега, го издигнуваме на повиско ниво. Работи кои што некогаш само сме ги претпоставувале или по интуиција верувале дека се вистинити, сега прецизно ги мериме“, рече Стоимировска Величков.

Биосензорите беа поставени на бината, па публиката се запозна со методологијата на невромаркетингот и нејзината примена во истражувањата поврзани со однесувањето на купувачите. Во текот на настанот се прикажуваа и видеа како се вршат невромаркетинг истражувања за видео реклами, купувачко искуство во супермаркет, дигитална трансформација, развој на бренд и слично. Се презентираа и резултати со наоди од истражувања во форма на топлотни мапи, делови од интерес, валентност и интензитет на емоција и модели за предвидување на пазарен потенцијал на производи и услуги. Следеше и едно несекојдневно видео со приказ на куповното ускуство од кориснични аспект, односно, од очите на купувачите додека тие се во нивната природна средина, маркетот. Сите метрики беа засонавни на научни принципи кои веќе наоѓаат примена во маркетинг стратегиите на странските компании, а сега им се достапни и на домашните компании.

На настанот присуствуваа претставници од компании од повеќе сектори вклучувајќи ги конзервната индустрија, алкохолни и безалкохолни пијалоци, кондиторија, млечна индустрија, техника и електроника, лична хигена, трговија со малопродажба, маркетинг, едукација и други.

Придобивките од примената на невромаркетингот беа очигледни. Се создаваат производи и услуги со додадена вредност за купувачот и се намалува неизвесноста со која што се соочуваат компаниите за време на креирање на маркетинг стратегии.

Повеќе информации за компанијата, технологијата и алатките кои се користат во истражувањето можете да ги најдете на: https://neuromarketing.mk/

 


Статијата е прочитана 748 пати.

Сподели: